Бени Османоски на 24 февруари против Јуријс Орловс во Латвија

Бени Османоски на 24 февруари ќе ја има првата борба во оваа година на настанот „Кинг оф кингс“ на КОК 54 Светски гран при во Рига, Латвија.

Стружанецот ќе се бори против домашниот борец Јуријс Орловс во категоријата до 85 килограми во три рунди по кик бокс правилата.

Ова ќе му биде втор настап на Бени на оваа приредба, бидејќи и лани настапи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО