Сеишин со 8 натпреварувачи освои 9 медали – 1 златен, 3 сребрени и 5 бронзени на денешниот меѓународен турнир во џудо во Аминдео – Грција.
Медалите ги освоија:
Владан Стрезовски -36 кг златен
Владан Стрезовски -34 кг сребрен
Христијан Бунески -30 кг сребрен
Бисера Јовеска -33 кг сребрен
Бисера Цветкоска -30 кг бронзен
Матеја Николоска -27 кг бронзен
Мила Здравеска -45 кг бронзен
Тамара Стојковска -45 кг бронзен
Александар Игнески -24 кг бронзен.
На турнирот учествуваа околу 300 натпреварувачи од околу 50 клубови од Грција, Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Албанија, Израел, Молдавија, Грузија, Украина, Ерменија, Кипар и други држави од регионот.
Сеишин учествуваше со најмалата категорија на натпреварувачи – деца родени од 2012- 2017 година, меѓу кои на поголем дел од нив им беше прв натпревар од ваков тип.
Екипата ка предводеа тренерите Дејан Мицкоски и Марио Тошески кои се задоволни од настапот на сите натпреварувачи и постигнатите резултати со оглед на фактот дека поголемиот дел од натпреварувачите дебитираа на ваков силем меѓународен турнир.