Најмладиот УФЦ борец сака да биде шампион во три категории

Раул Росас Јуниор минатата година преку ДВЦС склучи професионален договор со УФЦ. Брилијантниот 18-годишен Мексиканец на тој начин стана најмладиот борец на најголемата светска ММА организација.

Минатата година во декември Росас со „принуда“ го победи Џеј Перин, а наскоро ќе има нов настап.

Имено, мексиканскиот борец (7-0) во април се бори со Американецот Кристијан Родригез (8-1) на настанот УФЦ 287.

Големата надеж на УФЦ во едно неодамнешно интервју изјави дека сака да ја освои титулата во три дивизии.

„Мора да верувате во себе. Знам дека еден ден ќе станам шампион и сега многу луѓе ќе речат дека сум луд. И верувам дека за една година ќе го освојам шампионскиот појас“, изјави Раул Росас Јуниор и додаде:

„На сите ќе им покажам какви вештини имам. Не ми е гајле со кого ќе се борам, сакам да се докажам. Во април ќе ви покажам како заслужувам шанса кон титулата. Нема да славам додека не победам во бантам, перо и лесна“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО