Најлошите британски боксери ќе се пресметаат, нивниот скор е 186 порази и 9 победи

Џејми Квин и Кас Хусаин, се едни од најлошите боксери во историјата на Велика Британија, и како такви ќе се сретнат во рингот на крајот на месецот. Двајцата имаат комбинирано 186 порази, а забележале само 9 победи.

29-годишниот Џејми Квин, со прекар „Девил чајлд“, има скор од 5 победи во 99 меча, иако мора да се спомене дека бил нокаутиран само трипати.  26-годишнот Хусаин пак, само четири пати излегол како победник во рингот во 100 меча, но и тој успеал да остане на нозе во сите рунди и само двапати бил нокаутиран. Сепак, и двајцата имаат уште еден неславен скор – никогаш не успеале да нокаутираат никого.

Хусаин последен пат победил во ноември 2016 година, и вели дека е подготвен за „вистинска војна“ во четири рунди во Олдам.

„Ретко се гледаат вакви мечеви. Јас во мојот 101. меч, а Џејми во својот 100. меч, еден против друг. Сме се сретнале многупати во соблекувалните, сме патувале заедно, но следната недела убаво ќе се удираме. Ќе биде вечер која нема да се заборави“, вели Хусаин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО