Најдобро организираниот семинар со порака: Мир на Балканот со боречките вештини! (ФОТО)

Скопје беше центарот на карате вештината во изминативе два дена, а синоќа еруптираше енергијата на карате мајсторите Милан Ѓокиќ, Зоран Пејов и Тони Петров на „Големиот балкански карате семинар“ во присуство на многу македонски карате мајстори, шампиони, џиу џицу мајстори и присуство на дипломатскиот кор: амбасадорката на Србија Душанка Дивјак – Томиќ, амбасадорот на Бугарија Иван Петков и заменикот на амбасадорката на САД, Микаела Швајцер – Блум, како и третиот секретар на српската амбасада Срѓан Недељковиќ.

Амбасадорите на Франција, САД и Јапонија го поздрави семинарот и се извинија што лично не можеа да присуствуваат.

Стотина вежбачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Турција придонесоа за убавата слика на овој убав проект чија цел е Олимпијадата во Париз 2024 година.

„Семинарот како идеја е фантастичен. Мир на Балканот со боречките вештини. Чинтелите на мирот беа тука во Скопје“, изјави по семинарот карате и џиу џицу мајсторот од Бугарија Тони Петров кој имаше извонредна демонстрација со нашиот мајстор Николчо Гоцев за одбранбени техники.

Петров ја потенцира масовноста, убавата сала (Борис Трајковски) и добрите услови, но и многуте таленти и шампиони кои учествуваа на семинарот.

„Во своите 44 години бев на многу семинари а и одржав многу, можам да кажам дека не сум бил на подобро организиран семинар. Мислам на фантастичната организација, салата, актерите на семинарот и сите додатни елементи надвор од татамито, посебно што со своето присуство не удостои дипломатскиот кор. Ова беше местото каде што излезе позтитивната енергија и во еден здив се одвиваше целиот семинар. Реков дека вториот ден атмосферата ќе еруптира, да ова беше катарза која се почувствува меѓу каратистите и присутните во салата. Претходно реков дека најубаво ќе биде во Скопје, така и беше. Ова беше тим“, воодушевено рече Милан Ѓокиќ, на кого во текот на овој семинар (во Ниш) му се случи многу убава работа, комисија специјално од Јапонија го посети и го промовира во мајстор 7 дан.

Домаќинот на „Големиот балкански карате семинар“ Зоран Пејов е задоволен од она што се случуваше во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Ме импресионира како се разлеа позитивната енергија од малдите каратисти до мајсторите. И благодарам на сите што учествуваа на семинарот, како од младите каратеки и џиу џицу вежбачи, до актуелни шампиони, кои дојдоа од цела Македонија и од странство. Од друга страна, ова е проект кој ќе се развива и кој ќе го профилира кавлитетот за врвни дострели на светската карате сцена“, истакна Пејов.

Семинарот официјално завршува денеска во Софија.

Само ќе спомнеме еден дел од учесниците на овој одличен семинар: Томислав Ивановски, Владо Апостолов, Адем Хајдероглу, Исмет Шерифи, Иванчо Горјанин, Николчо Гоцев, Селим Динарица, Ѓоко Томоски, младите шампиони Вероника Костовска и Абдурахим Идризи, Катерина Ацевска и многу други. Но и Александар Ацевски, Елвир Куртановиќ, Драган Грдановски, Страшо Глигоров кои го почестија семинарот со своето присуство.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON