Најдобрите млади македонски каратисти Трајковски и Стефановиќ ќе настапат на Свестаката младинска лига во А Коруња

За каратистите на Макпетрол нема одмор, тие штотуку се вратија од ЕП за сениори во Задар, и по предвидениот план и програма, веднаш заминуваат на нов светски натпревар. Двајцата постари јуниори (У21), кои се највисоко рангирани спортисти на Македонија, ќе учествуваат на Светската младинска лига, односно Карате 1 Младинска лига, а ги предводи тренерот Петар Заборски.

Во периодот од 16 до 19 во A Kоруња, Шпанија ќе се одржи Светската младинска лига. Нашите најдобри репрезентативци и освојувачи на европски и светски медали, Витомир Трајковки (-84 кг) и Стефан Стојановиќ (+84кг), активно ќе земат учество за да ја задржат или подобрат својата позиција на светската ранг-листа на ВКФ (Светската карате федерација).

Во моментов и во период од веќе две години Витомир Трајовски (–84 кг) е прворангиран на Светската ранг-листа, додека Стефан Стојановиќ е второрангиран во категоријата +84 кг.

Во Шпанија ќе учествуваат 2925 каратисти со 3032 натреварувачки влезови од 76 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON