Најдобриот македонски спортист Дејан Георгиевски по добивањето на Орденот „8 Септември“: Медалот му припаѓа на целиот македонски народ кој ме дочека гордо на плоштадот!

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.

Нашиот најдобар спортист Дејан Георгиевски го доби Орденот за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Северна Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

Дејан Георгиевски им го честиташе празникот „8 Септември“ на сите граѓани и соопшти дека сребрениот медал од Олимписките игри во Токио покрај негова, е и заслуга и на неговите тренери Борче и Дарко Костовски, на неговите клупски другари, на семејството и на Господ.

„Сепак, овој медал припаѓа на целиот македонски народ кој ме дочека гордо на плоштадот. И, верувајте, јас и мојот тим даваме се од себе да го повториме тој магичен миг од Олимписките игри во Париз во 2024 година“, рече Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON