Чедо Николовски ја доби државната награда „8 Септември“ за животно дело од областа на спортот

Во Собранието на Република Северна Македонија, денес беа доделени наградите „8 Септември“ – највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот.

Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план му припадна на Чедо Николовски – поранешен борач во слободен стил и освојувач на голем број домашни и меѓународни признанија.

Наградата, пак, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот се доделува на Атанас Костовски – доајен на македонското спортско новинарство, Зоран Карановиќ – поранешен одбојкар, тренер, во последните три децении Генерален секретар на ОФМ, Стојан Андриевски – тренер-селектор на македонската карате репрезентација во кати и Ацо Јорданов – поранешен во борење, судија и спортски работник.

На врачувањето на наградите присуствуваа Горан Мисовски потпретседателот на Собранието, вицепремиерот Фатмир Битиќи, Наумче Мојсовски – директор на Агенцијата за млади и спорт и голем број спортисти и спортски работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО