Френк Ворен открива зошто Фјури не сака да се бори со Џошуа на крајот на декември

Промоторот на Фујри, Френк Ворен, истакнува дека Тајсон нема да се бори со Ентони Џошуа на крајот на декември, бидејќи се надева дека ќе се бори со Александр Усик во февруари или март.

Кралот на Ромите му понуди на Џошуа поделба на парите со 60-40 и мечот да се одржи на 26 ноември на Вембли во Лондон или на 3 декември на стадионот на Принципати во Кардиф.

Се вели дека Џошуа претпочита борбата да се одржи на 17 декември, бидејќи сака повеќе време да се подготви по поразот од Усик минатиот месец, но Фјури инсистира на претходните датуми.

Френк Ворен за ИФЛ ТВ изјави дека преговорите се во тек, притоа откри зашто шампионот на ВБЦ во тешка категорија ја сака борбата што е можно поскоро.

„Единствената причина зашто сега му нудиме борба на Џошуа е тоа што баравме меч против Усик за обединување на титулата во декември. Веќе почнавме разговори, а потоа Усик рече дека може да биде подготвен само за февруари или март“, откри промоторот на Фјури Френк Ворен и продолжи:

„Значи, причината зошто Тајсон сака да се бори во ноември или почетокот на декември е затоа што чувствува дека може да го победи секој што ќе дојде пред него. Но, она што го сака е борба против Усик во февруари или март. Му треба мир за Божиќ и затоа не сака да боксира доцна во декември. Првиот датум што го предложивме беше 12 ноември, но потоа го променивме. Сега 3-ти декември е последниот датум што го нудиме на таборот на Џошуа“.

Фјури често се појавува на социјалните мрежи за да изврши притисок врз Џошуа да ја прифати борбата, тврдејќи дека допрва треба да се слушне со својот колега.

Се чини дека тимот на Џошуа е задоволен со поделбата 60-40 во корист на Фјури, но сега датумот на борбата може да претставува проблем во организирањето на мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО