Најдобриот кикбоксер во светот заминува во ММА

rico_verhoeven

Шампионот на Глори и најдобар кик боксер на денешницата, Холанѓанецот Рико Верховен, на 19 октомври ќе дебитира во ММА арената. Верховен ќе настапат на RXF 20 настанот во Романија, а се уште не знаат повеќе детали.

Она што е познато е дека шампионот на Глори ќе одржи прес-конференција по која ќе дознаеме зошто се одлучил за промена на работната средина. Знаеме дека Верховен и претходно луташе надвор од Глори, па во јануари го гледавме во кинескиот Кулун, каде што беше поразен од страна на Белорусинот Андреја Герасимчук. Тоа беше единствениот  пораз на Верховен од 2012 година и Семи Шилт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON