Германскииот боксер со ерменскио потекло Артур Абрахам ја одбрани титулата светски првак во средна категорија ВБО-верзија, иако синоќа доцнеше на мечот во Келн тој го победи на бодови Англичанецот Пол Смит.
Абрахам победи едногласно, двајца од судиите бодуваа 117:111, а еден 119:109 за 34 годишниот шампион, на кого ова му беше 41 прва победа во кариерата во која има четири порази.
Предизвикувачот Смит (35) за прв пат се бореше за светската титула. Тој се уште е познат како поранешен ди-џеј на најпознатиот ноќен клуб во Ливерпул, но и како најдобар другар на фудбалерот Вејн Руни.