Роман Гонзалес (45-0, 38 КО) едногласно се смета за најдобар боксер во светот во моментот.
29-годишниот боксер од Никарагва да се подигне за една тежинска категорија и 10 септември во Лос Анџелес ќе го предизвика шампионот на ВБЦ во супермува категорија Карлос Квадрас Принсипе (35-0-1, 27 КО).
Во последната борба во април „Чоколатито“ пред 16.000 гледачи во Лос Анџелес по 12 рунди против Мек Вилијамс Аројо по четврти пат ја одбрани ВБЦ титулата во мува категорија, пропратено со милиони гледаност на ХБО.
27-годишниот Мексиканец Квадрас стана светски шампион во мај 2014 година, кога во осмата рунда го запре Срисакет сор Рунгвисаи. Шест пати успешно го одбрани појасот.