Американскиот медиумски гигант ЕСПН ги одреди десете најдобри ММА борци на 21 век.
Поранешниот шампион во полутешка категорија и актуелен шампион во тешка категорија Џон Џонс го зазеде првото место на ранг-листата. Следува поранешниот шампион во полусредна и средна категорија Жорж Сент Пјер, а триото го комплетира поранешниот шампион во средна категорија Андерсон Силва.
За многумина изненадувачки, Хабиб Нурмагомедов е само на 5-та позиција, а Конор Мек Грегор воопшто не е во Топ 10.
Рангирање на ЕСПН:
- Џон Џонс (27-1, 1 НЦ)
- Жорж Сент Пјер (26-2)
- Андерсон Силва (34-11, 1 НЦ)
- Деметриус Џонсон (25-4-1)
- Хабиб Нурмагомедов (29-0)
- Федор Емелијаненко (40-7, 1 НЦ)
- Ренди Котур (19-11)
- Чак Лидел (21-9)
- Би Џеј Пен (16-14-2)
- Камару Усман (20-4)