Ронда Русеј, шампион на УФЦ во бантам категорија, со успешна кариера во ММА, работи и како актерка во филмови. Оваа година излезе филмот „Expendables 3“ во кој Ронда има мала улога, а следната година ќе се појави „Брзи и бесни 7“ и „Амбиент“ во кои учествува шампионката во бантам категорија.
Со Русеј, во филмот настапуваат нејзините колешки од тимот Шајна Басцлер, Џасмин Дјук, Марина Шафир и тренерот Едмонд Травердијан.
Ронда ќе го брани својот појасна 24 февруари 2015 година во УФЦ 184 против Кет Цингана.