Џудистите на Иппон од Скопје не мируваат и во новата година, овој викенд учествуваа на меѓународниот тренинг камп за кадети и јуниори во Рим, Италија, кој е посетен од над 600 џудисти од Италија, Англија, Германија и Македонија. Од Иппон се двајца џудисти на кампот поради ограничените финансиски можности на клубот. Од Управниот одбор соопштуваат дека трошоците ги поднеле нивните родители.
Сепак, учеството ќе се искористи да се научи нешто повеќе од врвните џудисти и селектори на Италија, Англија и Германија, за да се постигнат подобри резултати во оваа натпреварувачка година.
Според информациите од клубот, наскоро Иппон треба да се професионализира, а тоа значи натпреварувачите што ќе покажат резултати ќе бидат ставени на посебна програма и во нив ќе се вложува. Од тие причини, празнувањето е сведено на минимум, што значи годинава ќе се работи со полнеа пареа, како на техничко-тактички план, така и на психо-физички.
ipon.mm/В.Д.