Андон Дончевски е добитник на наградата за животно дело „8 Септември“, а тројца борачи за остварување во областа на спортот.
Дончевски ја доби наградата за активностите како играч, тренер, а воедно и прв селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Ова престижно признание за животно дело му беше доделено денеска во Собранието на Република Македонија.
Дончевски го доби и признанието „спортски амбасадор“, како и медал за заслуги за Македонија.
Агенцијата за млади и спорт ја валоризира вредноста на работата на спортистите и спортските работници и да им додели високо државно признание кое се доделува на денот на Независноста на Република Македонија.
Награда за остварување во областа на спортот за 2016 година, по пети пат, ја добија и Сашко Поповски за своите активности во ватерполото (репрезентативец и селектор), Добре Маринков, Фоти Гатовски и Агим Ејупи за своите активности и успеси во борењето.
Ipon.mk/В.Д.