Нагану: Не сум импресиониран од Миочиќ, Веласкез е №1

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Стипе Миочиќ забележа уште една победа со нокаут над Жуниор дош Сантос во првата рунда на УФЦ 211.

Со тоа Миочиќ по втор пат ја одбрани титулата, а ако има уште една одбрана, тој ќе постави рекорд во овој поглед во историјата на УФЦ.

Еден од борците кој најмногу ветува во категоријата, Францис Нгану, рече дека не е импресиониран од настапот на стипе. Тој смета дека Каин Веласкез се уште е №1 во оваа категорија.

„Беше добра претстава, но не останав импресиониран. Ми треба повеќе од тоа, за да се импресионирам. Ме импресионира Каин Веласкез. Мислам дека тој е најдобар во тешка категорија. Токму поради тоа сакам да се борам со него“, посочи Нагну.

Нагану истакна дека е подготвен за секакви предизвици.

„Една од причините да се преселам во Вегас е тоа што сум подготвен да прифаќа секакви предизвици. Јас сум №5 во рангирањето и сум подготвен да се борам со секого. Веќе го предизвикав Веласкез, но тој вели дека е повреден. Мојата желба останува да се борам со него и да добијам шанса за титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON