Надмоќност на Балканец и Лирија, Богданов-Хамикоев со контроверзи!

Bogdanov-Hamikoev

Изборното првенство во борење за сениори помина во доминација на Балканец и Лирија. Победници по категории станаа Самир Реџепи (- 57 кг)-Лирија, Ирфан Реџелари (61 кг)-Лирија, Јасин Реџелари (- 65 кг)-Лирија, Митров Дејан (-70 кг), Бесмир Весели (-74 кг)-Лирија,  Халил Зубариров (-86 кг)- Вардар, Дејан Богаднов (-97 кг)-Балканец и Бобан Данов (- 125 кг)- Балканец.

Jasin Redzelari

Самир Реџепи (- 57 кг) во тактички добро водена борба го победи Иван Анаиев од Балканец со 10-2, додека Реџелари ја доби финалната  без борба, зашто Раиф Камбери од Лирија ја предаде борбата. Јасин Реџелари (- 65 кг) во финалето со Давор Тасев од Балканец се бореше мудро, по што борбата ја доби со туш. Митров Дејан (-70 кг) беше супериорен против својот клупски другар Стојанче  Данилов, така што во втората рунда ја предаде борбата., Бесмир Весели (-74 кг) сатра на прв без борба оти Ѓорги Јосифов од Бучим беше повреден и предаде борбата. Халил Зубариров (-86 кг) ја демонстрираше својата тактичка надмоќност на Стефан Никовски од Блаканец и славеше со туш, а, пак, Дејан Богаднов (-97 кг) беше пресилен за Бакија Рамазан. Бобан Данов (- 125 кг) со 4-0 го доби Александар Стојанов од Бучим-Радовиш.

Danov-Stojanov

Клучната борба на Изборното првенство, која во суштина беше финале пред финале, нои шлагворд на Првенството, се случи во категоријата до 97 кг меѓу Дејан Богаданов (Балканец) и Тимут Хамикоев (Вардар). На почетокот таа се водеше попасивно, но потоа Богданов направи разлика од 7-0, по што, во втората рунда, Хамикоев тргна во напад и пет пати го исфрлаше борачот на Блаканец од борилиштето. Богданов и тактизираше за да добие на време. На крај, борбата заврши 7-4. Но тоа предизвика жестоки реакции кај тренерот на Вардар, Љубиша Пешко, кој сметаше дека неговиот натпреварувач е оштетен при доделувањето на поените, но и дека рундата траела две минути, наместо три. Официјално, Вардар вложи и жалба. Сепак, борбата беше регистрирана со постигнатиот резултат.

Може да се каже дека Хамикоев и Заубаиров внесоа свежина на Првенството и беа најатрактивни борачи, бидејќи за многу брзо време ги добиваа борбите.

Zubairov-Nikovski

Интересни и возбудиливи борби водеа Иван Јанев од Бучим и Иван Анакиев од Балканец во категоријата до 57 кг. Борачот на Балакнец направи предност од 10-4, но Јанев намали на 10-9 и се закануваше да го преземе водството. Сепак, Анакиев се извлече во клучните моменти, односно поентираше на акции на противникот и ја доби борбата со 14-9.

Стабилност во борбите и извонредна техника покажа и Јасин Реџелари.

Изборното првенство се бодуваше и за Екипното државно превнство на Македонија, најдобра беше екипата на Балканец

Бодови за екипното првенство:

1.Балканец    44

2.Лирија          41

3.Бучим          21

4.Вардар        11

5.Безбедност 0

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON