Над 20 карате мајстори на 9-тата ВадоДанДен средба (ФОТО)

На 27 август се одржа 9-тата средба ВадоДанДен на карате мајсторите од вадорју и шотокан карате во Сарај-Скопје, односно пријатели на КК Аеродром и организаторот Димче Јанковски.

 
На овој собир имаше над дваесет карате мајстори, а имаше гости- каратисти од Србија и од внатрешноста на Македонија. Ваквата средба е поздравена и поддржана од каратисти од Романија, Австралија, Германија и Бугарија.
Мајсторите имаа убава прилика да се изнаприкажат во опуштена атмосфера во преубавиот амбиент на кајак клубот Ластовица во Сарај. Радоста на учесницие беше очигледна, а од честитките спрема организаторот може да се заклучи дека тоа е најава за присуство на јубилејната средба во 2018 година.
Организаторот и се заблагодарува на учесниците на средбата и на честитките, со желба на јубилејната средба да се соберат во што поголем борој.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО