На „Златниот гонг“ седум боксери ќе ги бранат боите на Македонија, засега 10 држави пријавиле учество

За традиционалниот Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, што ќе се одржи на 12 и 13 ноември во малата сала на „Борис Трајковски“, досега се пријавени боксери од 10 држави, информираат од Боксерската федерација на Македонија, а се очекуваат пријави од уште 5-7 федерации.

На 12-ти ноември се закажани полуфиналните борби, а финалните се на 13-ти.

Златниот гонг годинава слави јубилеј 50 години од одржувањето на првиот турнир.

Федерации ко потврдија учеството се: Англија,  Велс,  Р. Ирска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Италија, Црна Гора, Украина и Бугарија. До 31 октомври и се очекуваат уште пријави од Словенија, Албанија и Турција кои усно ги најавиле своите боксери. Може да се случи на „Златниот гонг“ за првпат да настапат и боксери од Хонг Конг и Шри Ланка, како и федерацијата на Молдавија.

Македонија на Златниот гонг ќе ја претставуваат: Адријан Џемили, Оран Шакировски, Јасим Лама, Лион Лена, Алим Насуфи, Лео Јовановски и Арсим Етеми, а ќе ги водат тренерите Ружди Калач и Петре Чурлиновски.

За жал, на Златниот гонг нема да учетсвува освојувачот на овој трофеј во 2016 година, Гоце Јанески, кој тренира во Швајцарија.

Јасин Лама е единстевниот македонски боксер од пријавените кој го освоил Златниот гонг и тоа во 2019 година. Лама (60 кг)во финалето го совлада Вас Норберт од Романија со ТКО во втората рунда.

Јасин е актуелен учесник на Светското првенство во Белград, кој што вечерва во втората борба е поразен од олмпискиот шампион од Абдумалик Халоков од Узбекистан со одлука на судиите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON