На „Златниот гонг“ потврдени 11 репрезентации

Досега на „Златниот гонг“ учеството го потврдија 11 боксерски федерации: Англија, Шкотска, Шведска, Србија, Бугарија, Косово, Унгарија, Албанија, Еритреја, Црна Гора и Македонија.

Се очекува потврда и од Грција.

Турнирот ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје во СРЦ „Борис Трајковски“ (мала сала).

Македонија ќе настапи со шест боксери.

Турнирот ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје во СРЦ „Борис Трајковски“ (мала сала).

Боите на нашата земја ќе ги бранат: Ален Рустемов, Илхан Озмен, Ајхан Озмен, Дион Лена, Алим Насуфи и Али Аземи.

Од 11 ноември нашите боксери се на подготовки во Скопје.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО