На татко му на Хабиб не му дадоа виза за САД за УФЦ 209

Хабиб Нурмагомедов овој викенд на УФЦ 209 се бори со Тони Фергусон за титулата привремен шампион во лесна категорија.

Победникот треба да се бори против Конор Мек Грегор.

Во аголот нема да биде неговиот татко и тренер Абдулманап на кого, како и на роднината на Хабиб Фрод Хасбулаев, не му е издадена виза за САД, објави Life.ru.

УФЦ 209 се одржува во Лас Вегас во неделата вечерта по македонско време.

Главен тренер на Орелот е Хавиер Мендез.

Неодамна, неговиот татко изјави дека 28-годишниот непоразен Хабиб ќе се пензионира до својата 30 година.

„Сакам да биде здрава личност која ќе биде во можност да размислува. Сакам да развива други борци. Во така тежок спорт кариера од 24-тата до 30-тата година е доволна“, рече Абдулманап.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON