Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе го брани шампионскиот појас во тешка категорија на ВБЦ против Американецот Дионтеј Вајлдер на 9 октомври во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.
Таа борба ќе ја заокружи трилогијата што започна во декември 2018 година, а средбата заврши нерешено. Реванш мечот се одржа во февруари минатата година кога Фјури со прекин во седмата рунда го совлада Бронзениот бомбардер и ја освои титулата.
Во меѓувреме, на Вајлдер му беше дадена судска наредба да бара реванш, што и го стори. Ентони Џошуа и Тајсон Фјури затоа мораа да ја откажат борбата за апсолутен шампион.
„Многу луѓе не го знаат тоа, но јас не сум оптимист кога станува збор за борба против Џошуа. Мислам дека тој меч никогаш нема да се случи. Зборувајте за некоја голема борба, но дали е тој вистински боксер. Не сум сигурен“, вели Тајсон Фјури и продолжува:
„Се зборуваше дека јас и Џошуа ќе се бориме, но договорите не беа потпишани. И тогаш одеднаш се појавува Дионтеј Вајлдер кој победи на арбитража против мене со врвен судија и најдобрите адвокати во Америка. Не можев ништо да направам за тоа, туку само да кажан: Ајде да го направиме тоа“.
На Дионтеј Вајлдер му беше дадена можност да се реваншира со судска одлука и го направи тоа. Фјури стави до знаење дека неговиот појас на ВБЦ нема врска со клаузула за реванш.
Договорот што го потпишаа законски го обврза Ромскиот крал на трета борба против Бронзениот бомбардер, а доколку не го прифатеше ќе требаше да плати отштета од неколку милиони.
„Тоа не беше поради каков било појас. Ќе се појавеше голем проблем доколку не го прифатев мечот. Тужбата и се друго ќе ме чинеше околу 80 милиони долари“, истакна Тајсон Фјури и уште еднаш го зајаде АЈ:
„Ентони Џошуа и Еди Херн добро знаеја што се случува. И тогаш се испадна дека јас сум виновен“.