На Тајсон Фјури му се роди ќерка, шестото дете во фамилијата

Светскиот шампион во тешка категорија ВБЦ, Тајсон Фјури стана татко по шести пат! „Ромскиот крал“, како што е познат Британецот, информираше за добрата вест со објава на социјалните мрежи.

„Ги молам сите да се молат за моето мало девојче, кое се роди утрово, Атина Фјури. „Господ е голем“, напиша 32 -годишниот Тајсон на Инстаграм.

Атина е шестото дете на Фјури и неговата сопруга Парис. Имаат уште две ќерки по име Венецуела и Валенсија-Амбер. Покрај тоа, боксерот и неговата сопруга уживаат со три момчиња – принцот Тајсон Фјури II, принцот Адонис Амазија и принцот Џон Џејмс.

На прашањето зошто неговите синови се нарекуваат Принц, Тајсон објасни: „Јас сум крал, значи тие се принцови“.

Се очекуваше раѓањето на неговото шесто дете да се случи во пресрет на трилогијата со Дионтеј Вајлдер. Битката беше закажана за 24 јули, но беше откажана, а таборот на Фјури го информираше дека се заразил со коронавирус. Се очекува двајцата по трет пат да се сретнат на 9 октомври во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON