На Ригондо му ја одземаа титулата светски првак

ВБА ја исполни заканата и му ја одзеде на Гилермо Ригондо (17-1-1 НЦ, 11 КО) титулата „супер“ шампион во супербантам.

Светската боксерска асоцијација овој потег го најави ако Кубанцот загуби од Васил Ломаченко во борбата за титулата на ВБО во суперлесна категорија. Тоа и се случи, а федерацијата му го одзеде шампионскиот појас на Ригондо, иако се подигна две категории за да се бори со двократниот олимписки победник.

Ригондо доживеа бродолом во таа борба и се откажа по шестата рунда жалејќи се на болки во раката, а повеќето од набљудувачите тоа протолкуваа само како изговор да ја прекине борбата, особено откако беше објавено дека не ја скршил раката.

ВБА ја објави новата ранг листа на која веќе го нема Ригондо на позицијата „супер“ шампион, а неговото место го зазеде 27-годишниот Американец Дени Роман (23-2-1, 9 КО) кој е промовиран од регуларен во супер шампион.

Роман ќе мора да ја брани титулата против привремениот шампион Мојсес Флорес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON