На првото мај тај Државно првенство јуниорите похрабри од сениорите (ФОТО)

Денеска во Скопје се одржа првото Државното првенство во мај тај во организација на Кик бокс федерација на Македонија (КБФМ).

Ова е нова дисцплина во КБФМ поради тоа што мај тај е спорт кандидат за влез на програмата на Олимписките игри, во Федерацијата му даваат значење и насоки за негов развој. Досега наши натпреварувачи три пати учествувале на Светските мај тај првенства и оставриле пласман.

Во оваа насока се одржа и семинар на кој судиите и тренерите се запознаа со правилата на тајландскиот бокс.

Инаку, самите борби беа интересни за публиката, но може да се каже дека јуниорите имаа поголема храброст од сениорите. Но од КБФМ се надеваат дека бројот на учесници постепено ќе се зголемува.

Во единствениот сениорски дуел Хадис Рамадни беше подобар од Ване Митев кој се покажа како многу цврст борец. Со интересе се исчекуваше борбата меѓу Бобан Илиоски и Мите Ашкилов, но Ашкилов не се појави во рингот.

„КБФМ им додели благодарници за афирмација и популаризација на мај тај и на ММА на сите клубови кој учествуваа и придонесоа да се одржи ова првенство. Посебно им заблагодарувам на сите клубови кој дадоа свои борци и учествуваа на првото мај тај Државното изборно првенство во организација на КБФМ“,  истакна претседателот на КБФМ, Дејан Митровски – Урко кој рече дека е презадоволен и пријатно изненаден од одѕивот и поддршката од клубовите за успешната реализација на првото мај тај Државно првенство.   

Резултати


Кадети
-32 кг,  10-11 г.
1.Турекер Исмаил – Шампион
2.Давид Кукуновски – Шампион
3.Марко Ристов – Прокик фемили

-38 кг,  10-11 г.
1.Стефан Запров – Прокик фемили Скопје

-32 кг, 12-13 .г.
1.Фериз Азири – Наско тим

-42 кг
1.Ледон Рамадани – Шампион
2.Амир Вукељ – Наско тим

-48 кг
1.Максим Митровски – Шампион

-71 кг
1.Нелсон Узеир – Шампион

-67 кг, 14-15 г.
1.Леонид Павловски – Шампион

Јуниори
-63,5 кг, 14 – 15 г.
1.Миа Тодорова – Шампион  

-50 кг
1.Марта Митровска – Шампион

-54 кг
1.Марко Тодоров – Шампион
2.Даниел Митров – Аждер

-63,5 кг, 16-17 г.
1.Марио Цветковски – Прокик фемили
2.Медин Ахмети – Наско тим

-71 кг
1.Дарко Најдов – Гладијатор – Скопје

-63,5 кг, 16-17 г.
1.Викторија Варадинова – Шампион Скопје

-86 кг
1.Ивица Цветановски – Прокик фемили
2.Петар Харизанов – Комбат

+91 кг, 16-17 г.
1.Стефан Михајловски – Прокик фемили

Сениори
-67 кг
1.Хадис Рамадани – Шампион
2.Ване Митев – Аждер

-81 кг
1.Бобан Илиоски – Шампион

-86 кг
1.Димитар Ѓоргиев – Работнички Адора

91 кг
1.Милан Кубин – Гладијатор Скопје

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON