На повидок е мечот меѓу Хрговиќ и Усик? Промоторот на Украинецот изјави дека сè уште работат на таа борба

Откажувањето на мечот меѓу Тајсон Фјури и Aлександар Усик донесе вистинска конфузија во светот на боксот. Се пишуваше дека Филип Хрговиќ треба да биде замена, но целиот настан беше откажан и се мислеше дека од ова нема ништо. Очигледно, сепак, таму има малку чад.

Имено, промоторот на Усик Алекс Красјук изјави дека се уште се работи на мечот, што значи дека Хрговиќ сепак би можел да атакува на светската титула. Она што му оди  на рака е тоа што тој е единствената опција за замена, бидејќи во случај Усик да се пресмета со некој друг (а не со Фјури), ќе му биде одземен појасот на ИБФ чиј задолжителен предизвикувач е Филип.

Позитивно за Хрговиќ е што Фјури сега треба да паузира неколку месеци, а доколку Усик сака да остане активен ќе мора да го прифати предизвикот на бронзениот хрватски олимпиец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON