На овој ден, пред 6 години, на 7 декември 2016 година во хотелот „Александар палас“ беше прмовирана книгата за Шабан Трстена „Патот на олимпискиот шампион”.
По тој повод олмпискиот шампион на Фејсбук напиша:
„Пред неколку години почнав да се анализирам подлабоко себеси, кој сум, како дојде до овој голем успех и освоив толку медали, трофеи и ги победив најмоќните противници во светот.
По три, четири години на истражување,собирање на архивски материјал, фотографии, интервјуа, по неколку дена и безброј макотрпна работа ноќи, во тесна соработка со моето семејство и и двајцата автори на книгата „Патот на олимпискиот шампион““.
Книгата ги опфаќа животот и 19-годишната спортска кариера на олимпискиот шампион, Шабан Трстена, од 1977 до 1996 година.
„Патот на олимпискиот шампион“ ја напишаа и редактираа Сефер Таири, Решат Ибраими и Флорим Реџепи и шампионот Шабан Трстена. Инаку, печатењето е во режија на Трстена.
„Патот на олимпискиот шампион“ ја промовираа претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски, проф. д-р Беким Телаи, како и авторите на книгата.
Ќе потсетиме дека олмпискиот шампион беше снимен документраен филм „Кобра“ кој ја имаше премиерата на 20 април 2018 година.