На новиот светски шампион Гузман на аеродром му е украдена целата плата за титулата

Generated by  IJG JPEG Library
Generated by IJG JPEG Library

Џонатан Гузман (22-0, 22 КО) пред седум дена во Осака стана ИБФ шампион во супербантам победувајќи со технички нокаут во 11. рунда Шинг Ваке.

На патот кон дома доминиканскиот нокаутер изгубил остана без 70 илјади долари кои заработи за борбата. Изјави дека парите му се украдени на лет од Мајами.

„Некој ми украл 70.000 долари кои ги понесов во ковчегот. Тоа се парите што ги заработив со освојувањето на титулата шампион на светот. Ограбен сум на аеродромот“, изјави новиот светски шампион.

Гузман отворено изјави дека е сигурен оти тоа се случило во Доминиканската Република.

„Тоа е се случи овде“.

Тој додаде дека во САД ги прјавил парите пред да ја напушти земјата. И покажал доказ за американските власти дека парите се заработени во бокс меч и вели дека без проблеми се качил на летот.

Непоразениот шампион го дочекале неколку десетици фанови, пријатели и семејството, но радоста не траеше долго. Гузман е платен 90.000 долари за оваа борба, а 20.000 му исплати на својот менаџер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО