На Меморијалниот турнир „Љупче Црвенкоски-Црвенио“ – 7 Мај Леов и Лирија најуспешни (ФОТО)

Денеска во Прилеп се одржа првиот Меморијален меѓународен турнир во борење слободен стил и женско борење „Љупче Црвенкоски – Црвенио“ на кој учсетвуваа 70 борачи од Македонија, Косово, Албанија, Србија и Бугарија.

Борачите и борачките на 7 Мај Леов од Прилеп се најдобри во вкупниот пласман со 10 медали – 4 златни, 2 сребрени и 4 бронзени, па следи Лирија со 8 – 3 златни и 5 бронзени (само во машка конкуренција во која е најуспешна екипа), Тефејуз 5 (2-2-1), Косово 7 (1-2-4), Ускана 4 (1-1-2), Балканец 2 (1-1-0), Неготино 3 (1-0-2), Раднички Сомбор 5 (0-3-2), Безбедност и Албанија по 5 (0-1-1) и Бугарија 2 (0-0-2).

„Ова е веќе 15-та година како нашиот клуб „Раднички“ од Сомбор соработува со вашиот боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп и секогаш се чувствувам тука одлично. Љупче беше исто така и еден од моите тренери и куќен пријател така што многу ми е драго што на ваков начин се одбележува овој прв меморијал“, кажа, Игор Фргиќ, учесник на турнирот од Србија.

„Чест ми е што сум гостин на овој турнир, одлична е организацијата. Сакам да потенцирам дека овој спорт пред се треба да остане на нашите млади, а не на странците кои ги купуваме за репрезентациите. Гледајте колку добри борачи има тука, а ние купуваме од странство и тие им го земаат заслужено место на нашите млади кои целиот свој потенцијал го вложуваат во борењето“, изјави Спас Јапцев, учесник на турнирот од Бугарија.

На овој турнир присуствуваа и претставници од Федерацијата на боречки спортови од Македонија кои го оценија турнирот со највисоки оценки.

„Од името на Федерацијата на боречки спортови од Македонија сакам на боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп да им ја честитам прекрасната организација на овој прв меморијален турнир каде учествуваат повеќе држави и клубови и се надевам дека овој настан во иднина ќе биде традиционален“, кажа Страшо Глигоров, спортски директор на федерацијата на боречки спортови на Македонија.

Од Федерацијата на боречки спортови на Македонија на клубот „7 Мај – Леов“ од Прилеп му доделија плакета за посебен придонес во развојот на борењето во Македонија.

Резултати

Деца родени 2002 – 2004

32 кг

1.Стефан Стојкоски – 7 Мај-Леов

2.Бесар Амети – Тефејуз

3.Омер Јусуфи – Лирија

3.Лиман Селими – Лирија

35 кг

1.Стефан Штерјов – Балканец

2.Петар Насески – 7 Мај-Леов

3.Раид Димитров – Бугарија

3.Омер Мемеди – Лирија

 85 кг

1.Лирим Муслиу – Ускана

2.Арменд Ристеми – Ускана

3.Леонид Каратошески – 7 Мај-Леов

3.Агон Селими – Ускана

Кадети родени 2000 – 2001

63 кг

1.Андон Марковски – Неготино

 2.Реџеп Ајдари – Тефејуз

3.Филип Фргиќ – Раднички Сомбор

3.Албин Шеху – Косово

100 кг

1.Бајрам Ајдари – Тефејуз

2.Никола Бикицки – Раднички Сомбор

3.Армен Кука – Косово

3.Филип Стојкоски – 7 Мај-Леов

Младинци 1997 – 1999

50 кг

1.Аид Салихаси – Тефејуз

2.Теодор Темелкоски – 7 Мај-Леов

3.Омер Ибраими – Ускана

3.Идриз Идар – Тефејуз

57 кг

1.Минир Реџепи – Лирија

2.Џан Димиров – Балканец

3.Леонардо Насески – 7 Мај-Леов

3.Никола Ковач – Раднички Сомбор

61 кг

1.Марјан Мимичкоски – 7 Мај-Леов

2.Филип Фргиќ – Раднички Сомбор

65 кг

1.Шаип Брава – Лирија

2.Егзон Кока – Косово

3.Христијан Пенков – 7 Мај-Леов

3.Иле Буровски – Неготино

74 кг

1.Ријад Реџепи – Лирија

2.Буњамин Нуиши – Тефејуз

3.Орхан Џафери – Лирија

3.Никола Бикицки – Раднички Сомбор

Жени 2003 – 2005

40 кг

1.Барбара Стојкоска – 7 Мај-Леов

2.Ромеса Красниќи – Косово

3.Магдалена Калеева – Бугарија

3.Стефани Николова – Неготино

Жени 1997 – 2000

55 кг

1.Диелза Гаши – Косово

2.Венера Аслани – Албанија

3.Олгица Коцева – Безбедност

3.Њомза Красниќи – Косово

58 кг

1.Катерина Мирческа – 7 Мај-Леов

2.Бојана Лазаревска – Безбедност

3.Елвира Красниќи – Косово

3.Чендреса Красниќи – Албанија

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО