На Мејведер му е забранет влог од 400.000 долари на сопствена победа со нокаут

Флојд Мејведер се обидел да се обложи на себе со 400.000 долари на две понуди: на негова победа со нокаут пред крајот на 10-тата рунда и победа со нокаут. Сепак, обложувалницата во Лас Вегас, каде што Мејведер многу често „игра“ со своите пари, не го дозволила тој начин на уплата. Боксерот добил и службено образложение.

“Бидејќи не ми дозволија самиот да се обложувам, му дадов на мој човек 100.000 долари. Облогот беше дека ќе победам пред десеттата рунда“, изјави Мејведер.

Американскиот боксер го победи шампионот на УФЦ Конор Мек Грегор со технички нокаут во десетата рунда. За рекордната 50-та победа ќе инкасира 100 милиони долари..

Мејведер и Мек Грегор не се бореа за титула, туку за пари и за спектакл. Американецот заминува во пензија како непоразен по 50 меча, додека Мек Грегор ќе заработи 30 милиони долари за своето деби во професионалниот бокс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО