На Мајк Тајсон му се слошило во авион, персоналот и патниците се загрижиле

Легендарниот боксер Мајк Тајсон доживеал здравствен проблем за време на летот од Мајами до Лос Анџелес, потврдија неговите претставници.

За време на летот, на Тајсон му се слошило и му се вртело поради влошување на чирот, што предизвикало загриженост кај персоналот и патниците.

При слетувањето лекарски тим му пружил неопходна помош на 57-годишниот поранешен шампион. Претставниците ги отфрлија наводите дека здравствениот проблем бил предизвикан од доцнење на летот, објаснувајќи дека доцнењето било поради проблем со клима уредот во авионот.

Тајсон сега се чувствува добро и му е благодарен на медицинскиот персонал за брзата реакција, по итната интервенција која била извршена.

Да потсетиме, легендарниот боксер ќе се бори со јутјуберот Џејк Пол на 20 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON