На Конор му нудат меч за светска титула во бокс

Конор Мек Грегор светски шампион во бокс?! Ова може да звучи лудо денес, но всушност постои опција тоа да се случи следната година. На поранешниот УФЦ број 1 во две различни тежински категории му беше понудено да ја освои титулата на ИБО во полусредна категорија. Понудата доаѓа од актуелниот носител на појасот на организацијата Денис Хоган.

Боксерот кој има 37 години и има 31 победа, 4 порази и едно реми, ја освои титулата по 12 рунди против Сем Едингтон (32-8) во Њукасл, Австралија. „Ураган“, како што го нарекуваат Хоган, има австралиски и ирски корени, а тој самиот му предложил на „Ноториус“ да има директна борба за појасот.

„Ако победам, првото нешто што ќе го направам е да го повикам тренерот Каванаг и да го прашам дали има шанси да се борам со Конор за титулата“, прокоментира боксерот пред спорната средба. По победата на мечот тој ги потврди своите намери.

„Не сум боксирал во Ирска од моите аматерски години. Ќе биде одлично да се вратам дома во Даблин и да ја одбранам титулата против Конор. Тоа би било навистина неверојатно“, коментира Хоган.

Мек Грегор исто така немал меч, без разлика дали во ММА или во аматерски бокс, во Ирска веќе подолго време. Последен пат го нокаутира Диего Брандао во кафезот во 2014 година.

Интересно е тоа што Конор изгледа ја добил предметната понуда и сериозно ја разгледува. Така, последните денови беа објавени видеа од бокс тренинзите на ѕвездата на УФЦ…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО