Една од погадните МЛД повреди за која може да посведочиме, се случи на настан на елитната корејска промоција, Роуд ФЦ. Тешко настрада 22-годишниот кинески тешкаш, Аори Геле, кој на самиот почетокот на борбата доживеа пукнање на мадињата.
Геле се бореше против Хјун Ман Мјунг, на кого се сеќаваме како прв противник на Мирко Филиповиќ на Ризин Гран при турнирот. Борбата само што започна, кога Мјунг „фрли“ еден удар кој несреќно го погоди младиот Кинез точно во меѓуножјето. Геле во истиот момент падна на подот, а гримасите на неговото лице веднаш дадоа да знаење дека веројатно не е во прашање обичен удар во меѓуножјето, по што на борците во рок од пет минути, повеќето, се враќаат и ја продолжуваат борбата.
На крајот, беше утврдено дека борецот доживеа пукање на тестис, повреда за која велат дека е нешто најболно што може да го почувствува машко. Условно кажано, тестисот му експлодирал. Станува збор за повреда која се решава со оперативен зафат и по што е потребно опоравување, кое може да потрае и до неколку месеци.
.