На Ѓоргиев и Илиоски и треба по една победа за медал на Европското првенство, а на Ризов две

Репрезнетативците ги добија противниците на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, а борбите пчнуваат од утре и ќе трајат до недела.

Боите на Македонија ги бранат тројца боксери: Бобан Илиоски (-81 кг, К1), Димитар Ѓоргиев (-86 кг, лоу кик) и Филип Ризов (-57 кг, кик лајт).

На Илиоски и Ѓоргиев и треба по една победа за да обезбедат најмалку бронзен медал, додека најмладиот Флип Ризов има една борба повеќе, ако сака да застане на пиедесталот. Првите двајца се искуни борци со медали од големите натпреварувања, патем Ѓоргиев е трикратен светски шампион, а Ризов е констатен млад натпреварувач, додека Илиоски е во експанзија.

Релано е да очекуваме медал од Европското првенство.

Европско првенство кик бокс – Словачка

-57 кг, кик лајт
Филип Ризов – Матија Форнаро (Италија) 1/8 финале
Филип Ризов/ Матија Форнаро – Роланд Верес (Унгарија) ¼ финале

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале
Димитар Ѓоргиев/ Унал Озлеме – Милош Цвјетичанин (Србија)/Месуд Селимовиќ (БиХ) ½ финале

-81 кг, К1
Бобан Илиоски – Јозеф Колоџеј (Словачка)/ Гај Гошиќ (Хрватска) ¼ финале

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО