На Големото финале на Премиер лигата очекуваме златен медал

На Големото финале на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија, кое се одржува викендов, очекувањата за македонскиот карате спорт се големи, поради досегашниот добар настап на неколку каратисти. Секако, најмногу се очекува од Берат Јакупи од КК Фати од Гостивар.

zarko-arsovski-macedonia (1)

Јакупи претходното коло, во германскиот Ханау, го освои првото место и е прв во вкупниот пласман во категоријата до 84 килограми, затоа се очекува дека тој ќе биде севкупен победник во неговата категорија во Карате 1 Премиер лигата. Покрај него, шанси за медал во вкупниот пласман имаат штипјаните Жарко Арсовски (+84 кг) и Емил Павлов (-60 кг) од КК Штип, но како што дознаваме европскиот првак нема да патува во Салзбург.

За Австрија уште Симон Антиќ, Симона Заборска, Сара Радическа, Наташа Стефановски и Халид Османи  од КК Макпетрол; Иво Цветковски и Мартин Несторов од КК Металург, Тодор Ристевски од КК Спорт 94.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON