На еден месец пред Европското првенство репрезентацијата во кати е без тренер

kata timot za Monpelje 2016

Македонската репрезентација е без тренер за кати откако Златко Димоски се исели од Македонија и отиде да живее и работи во Австралија.

kata timot go podaruva medalot na Stojanovski

Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година е за еден месец во Софија, Бугарија, а Карате федерацијата на Македонија се уште нема решение за новонастаната ситуација. Ниту, пак, е познато како ќе функционира осоставот во кати, бидејќи близначките Маријана и Мишела Димоски се исто така во Австралија со родителите, а Кријана Камческа е во Македонија и подолго време веќе не вежбаат заедно.

Bunkai na SP za srebro na kata timot

Неофицијално, во Федерацијата се бара решение од постоечкиот тренерски кадар во нашата земја, но ако не се најде решение не е исклучена можноста да се побара стручњак и надвор од нашите граници.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО