За Државното карате првенство што ќе се одржи во недела во Скопје вкупно се пријавени 98 натпреварувачи од 25 клуба во борби и кати.
Првенството е од квалификациски карактер за составот на репрезентацијата на Македонија Светското карате првенство во Дубаи, ОАМ, од 16 до 21 ноември.
Како што може да се забележи според пријавите, Државното првенство ќе биде пресметка на млади со веќе искусните и повозрасни каратисти.
Макпетрол ќе настапи со најмногу натпреварувачи 15, потоа следат Олимпик спорт и Фунакоши Гичин со по 10 каратисти, Гладијатопр и Сансаи со 8, Штип со 7, Македонка со 6 итн.
Изненадувачи е што Металург настапува само со 5 натпреварувачи, бидејќи до неодмана со Макпетрол беа најбројните клубови на државните првенства.