На „Дан Колов“: Аскербиев петти, Јанев 11-ти, Менка Стојановска дебитираше (ВИДЕО)

Borenje reprezentacija vo Belmeken jan 2016

Македонските борачи во досегашните борби на силниот Меѓународен турнир во борење „Дан Колов – Никола Петров“ во Софија без позабележителен успех во овие два дена, освен петото место на Лабазар Аскербиев.

Денес беа поразени Елмедин Сејфулаху (-57 кг) од Рунчијан Џинчук од Белорусија на поени во категоријата каде што имаше 20 борачи и Бобан Данов од Денг Жидеј од Кина 10-0.

Вчера во категоријата до 61 кг, натурализираниот Македонец од руско потекло, Лабазан Аскербиев, во првото коло налета на силниот Иранец Пејман Бјабани и загуби со 2-5 на поени. Уште во првата рунда Иранецот поведе со 3-0, а во втората беше 2-2, што беше доволно за победа на фаворитот. Иранецот се пласира во полуфиналето. За трето место Аскербиев се бореше со домашниот борач Димитар Иванов и загуби на поени.

Во истата категорија настапи и Иван Јанев 61 кг, а беше рангиран во понеквалитетната група,притоа загуби со технички туш (0-10) од домашниот претставник Шукри Шукриев.

Во конечниот редослед, Аскербиев го дели петтото место, а Јанев е 11-ти.

Менка Стојановска која прв пат настапува на меѓународен турнир остави одличен впечаток и покрај поразите. Доживеа поразена со технички туш 0-13 во категоријата до 55 кг, и тоа од Италијанката Патриција Лиуци. Потоа изгуби и од Билјана Дудова со туш и од Елиф Јаник од Турција.

Утре ќе настапат преостанатите македонски борачи Јасин Реџалари и Дејан Митров, во иста категорија. Репрезентацијата е предводена од тренерот Љуљзим Вренези и координаторот Страшо Глигоров.

Учествуваат околу 250 борачи од 25 земји.

Борбата е на 1:12:22.

Ipon.mk/В.Д. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON