ЕКСКЛУЗИВНО-Гого Славески: Ме следеа и од ВБЦ и од ВБА, а на шампионот Фонфара ќе му бидам спаринг партнер! (ВИДЕО)

Gogto pobeda race vtora

Македонскиот воин, Горјан Гого Славески, синоќа ја издвојува и втората професионална победа во малото место Елк Грув вилиџ, во државата Илиноис (САД), во хотелот Белведере, Гого во четири рунди, го победи Американецот Роберт Гуреро во својата втора борба во леснотешка категорија во малото место Елк Грув вилиџ, во државата Илиноис (САД). Победата му беше доделена со едногласна одлука на судиите 40-36.

Gogo so Fonfara i sem Kolona
Со Фонфара и Колона

„Не победив со нокаут и навистина ми е криво што непадна. Од друга страна, ќе ме памети цел живот проради тие удари. Многу се подготвува за оваа борба, физички, но и психички. Како што знаете, имам повреда на левата рака од предпоследната аматерска борба во септември и не можам целосно да ја користам. Најверојатно е потребна операција, ама нема сега да го направам тоа, затоа што само што почнав“, изјави по борбата за IPON.mk, Гого Славески.

slaveski udira vo Gurera

Дали ова значи дека наскоро може да очекуваме и премин во најсилните боксерски федерации/асоцојации?

„Дојдоа, од ВБЦ Давид Дијаз и од ВБА, Андреј Фонфара (лајт хевивејт), кој по борбата ми соопшти дека ќе му спарингувам за неговата наредна борба. По двете победи одиме со високо темпо и бркаме скор што може највисок за една година, па здравје, ако испадне се како што треба, наредната година може да имам и борба за титулата! Но, тоа зависи од менаџерите“.

Gogo vtora pobeda so luge

За Заборави на грчот во утробата кога никој не забележуваше колку вредиш“, накого мислеше кога ти ја кренаа раката?

„Мислевна Боксерската федерација на Македонија што ме игнорира од првиот ден па се до денес. На луѓето што се смееја; на Агенцијата за млади и спорт што не ми овозможи ни 10 денари; на клубовите што не ми даваа шанса за натпреварување; на докторите што не ми даваа печат за „способен“. Знамето го дигнав затоа што сум Македонец и се гордеам со тоа, за сите луѓе што се долу. Тие вредат нешто и што неизмерно се радуваат на туѓа среќа и успех. Се гледаме во март со нова победа“!

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО