На браќата Фодор им се брза да се испотепаат-почнаа уште на мерењето (ВИДЕО)

Fenix-Jones-i-Caros-Fodor

Иако не е главна борба на денешниот ВСОФ/WSOF 32, средбата на браќата Фодор, Карос и Бен, апсолутно е во прв план, а ситуацијата уште повеќе се вжешти по жестокото соочување на мерењето.

Иако се согласуваме дека воопшто не е убава, а камоли лика и прилика на спортскиот дух, видовме двајца браќа со толку голем антагонизам зад себе, ВСОФ со овој потег се обиде да ривлече гледачите, веројатно инспириран од филмот „Воин“.

32-годишниот Карос и 28-годишниот Бен, познат по својот супер херојски прекар Феникс Џонс, така ја одбаротија нултата рунда од нивната борба веќе на мерењето за настанот кој го предводи борбата за титулата во банатам категорија меѓу Марлон Мораеш и Џош Хил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО