Мек Грегор се пофали со мускулите три недели пред реваншот со Дијаз (ВИДЕО)

Mek Gregor so muskuli so drugari pred nejt dijaz

Конор Мек Грегор ги одбројува деновите до борбата со Нејт Дијаз на УФЦ 202, кој ќе се одржи на 20 август. Најчеканиот реванш на годината ќе се одржи во истата категорија до 77 килограми, а ирската ММА ѕвезда овој пат ќе биде многу поподготвена.

Го покажа тоа Мек Грегор и  на оваа фотографија на Твитер, на која изгледа силно и моќно на три недели пред борбата. Набивањето килограм на шампионот во перолесна не му беше проблем, а неодамна објасни и зошто не помислувал овој пат со Дијаз да се бори во пониска категорија.

Mek gregor pred revansot so Dijaz

Да потсетиме, во март Мек Грегор сакаше да ги обедини титулите во перолесна и лесна категорија, но поради повреда на Рафаел дош Ањош мораше да се откаже од борбата со Ирецот. Сепак, Конор мораше да скокне во поголема категорија за пресметка со Нејт Дијаз кој го прифати мечот наместо Дош Ањош на само десет дена пред борбата и најдобар начин ја искористи укажаната шанса.

Мек Грегор моментално се подготовува во Ултимејт кампот во Лас Вегас, а во новиот видео запис, кој беше објавен вчера, може да се види како изгледа дел од неговиот тренинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО