На Арена купот во Скопје тешкашка пресметка на медалисти од ЕП

На првото издание на Арена куп утре во Скопје ќе има пресметка на двајца европски бокс медалисти од Софија во тешка категорија до 92 килограми.

Утре силите ќе ги одмерат Еливин Белезика од Шведска и Донат Сила од Косово кои освоија брозни медали во иста категорија на ЕП во Софија. Се очекува добра борба, бидејќи се работи за квалитетни боксери.

Арена куп е турнир за јуниори и млади на кој ќе настапат боксери од Македонија, Косово, Бугарија, Шведска, Албанија, Србија и Узбекистан.

Турнирот во организација на БК Чаир и Националната боксерска федерација ќе се одржи во „Борис Трајковски“ со почеток во 14 часот.

На турнирот ќе настапи и нашиот освојувач на медал од ЕП, Петар Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО