На 29 март во Штип ќе се одржи Државното првенство во џиу џицу
На татамито ќе ги видиме најдобрите македонски натпреварувачи, како освојувачката на бронзениот медал од Европското сениорско првенство на Крит, Катерина Ацвеска, како и учениците на шампионатот Данил Николиски, Христијан Јованов, Зоран Колевски.

На 29 март во Штип ќе се одржи Државното првенство во џиу џицу во организација на ЏЏК Осенсеи и Македонската џиу џицу федерација.
Првенството ќе се одржи во салата „Јордан Мијалков“ со почеток во 10 часот.
На татамито ќе ги видиме најдобрите македонски натпреварувачи, како освојувачката на бронзениот медал од Европското сениорско првенство на Крит, Катерина Ацвеска, како и учениците на шампионатот Данил Николиски, Христијан Јованов, Зоран Колевски.
Домаќинот Осенсеи највува и гости, како учесници, тренери и судии од Србија, Босна и Херцеговина и Грција.
„Тие со своето знаење и искуство ќе ни помогнат да го организираме ова првенство на едно повисоко ниво во интерес на џиу џицу спортот и негово омосавување во нашиот град и во државата. Специјални гости ќе бидат браќата Никола и Филип Трајковиќ кои се неколкукратни балкански,европски и светски шампиони, заедно со нивниот тренер Драган Трајковиќ. Потоа Даниел Блажиќ, неколкукратен балкански и европски шампион и тренер на најголемиот најуспешен клуб во Република Српска-Славија Источно Сараево“, вели на Фејсбук првиот човек на Осенсеи, Виктор Велинов.



