На 24 мај во Скопје ќе се одржи Меѓународниот турнир „Комплете винг чун комбат“ во салата на Работничи со учество на три клуба од Македонија и гости од Англија и Романија.
Натпреварите се во јуниорска и сениорска конкуренција. Кај јуниорите ќе се оценува демонстрацијата и борби до еден поен, притоа ќе се оценува изведбата, а не скорот.
Во сениорска конкуренција, за младите три рунди и борба со контакт со заштитна опрема до еден поен за една минута. Потоа ќе има и борба со змаеви стапови, која ќе трае 60 секунди.
Ќе има и слободна креативна демонстрација од елементите на винг чун во времетраење од 60 секунди која потоа ќе се оценува.
Постари сениори: Спаринг борби со опрема до 1 поен – 60 секунди; креативна демонстрација- 60 сек. и спаринг борба со батерфлај сабји 60 сл.
Ќе учествуваат демо тимовите на Дана Силјан – таи чи чуан, Томислав Ивановски ( Томе Ли)- карате до и Александар Арсов – таи чи чуан.
Ipon.mk