Многу критки и забелешки за судијата на мечот Џошуа-Паркер

Судијата на рингот Џузепе Квартароне доби еден куп критики од навивачите, експертите, тренерите и поранешни светски шампиони за своето однесување за време на мегасудирот меѓу Ентони Џошуа и Џозеф Паркер.

Општите критики се дека судијата се однесувал како пред него да се борат аматери и дека го „убил мечот“ со постојаните интервенции, секој пат кога двајцата шампиони се впуштаа во размена наудари од блиску. Ова дополнително ја одзеде драматичноста на настанот, а и ги намали шансите да дојде до нокаут, бидејќи и двајцата беа повнимателни и с ебореа од поголема дистинца (а и Џошуа имаше физичко предност со повисокиот раст и поголемиот опфат на рацете).

„Беше досадно, затоа што судијата спречи да се разгори борбата. Секогаш кога двајцата се приближуваа и разменуваа удари, судијата ги разделуваше, дури и кога тоа не беше нужно. Тој дефинитивно ја уништи битката, беше многу слаб. Најпрвин го спречи Паркер да се бори од блиска дситанца а во подоцнежните рунди истото го направи и со Џошуа. Како што си замислуваше тој“, коментира Џони Нелсон, најдолгиот крал во полутешка категорија, сега аналитичар во Скај спортс.

Истото е мислењето и на Тони Беју, а и на поранешниот шампион во перо категорија Карл Фрамптон кој рече дека Куартароне е „судија од светска класа, но за аматерски бокс“.

Џозеф Паркер дури објави на прес-конференцијата по средбата дека Квартароне не зборувал добро англиски, па Џошуа не можел да го разбере.

„Тој не можеше да комуницира со нас на добар англиски јазик. Пред тоа, мојот тренер (Кевин Бери) го праша како ќе ја контролира борбата, а тој не можеше да го објасни тоа како што треба“, рече Паркер.

Дилиен Вајт дури користи вулгарности од незадоволство од Квартароне, а британскиот тренер Адам Бут исто така не беше воопшто воодушевен од плашливото однесување на судијата во рингот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО