Рамадан Мустафовски од Тефејуз беше подобар од Џан Назифов од Балканец во преборувањето во категоријата до 74 килограми за место во репрезентацијата за Светското првенство за кадети во Сараево, Босна и Херцеговина, од 25 до 30 август.
Борачите имаа две борби, кои на поени ги доби Мустафовски.
Борбите се одржаа вчера во склоп на традиционалниот Меѓународен турнир во борење за кадети и младинци во организација на „7 Мај Леов“ во Прилеп.
Елмедин Сејфулаху, Минир Реџепи, Фиданчо Јованов и Рамадан Мустафовски ќе му бидат на располагање на селекторот Седат Бафтија за спроведување на завршнити подготовки.
ipon.mk/В.Д.