Мускули

Мускулот е орган кој е способен да се контрахира, грчи и со својата контракција врши работа во зглобовите. Тој е еластичен, дозволува извесно растегнување па потоа се враќа во првобитната положба. Односно, главни одлики на мускулите се контракција и опуштање,  брзина која ја регулира нервниот систем.

Основни ствојства на мускулите се еластичност, надразливост, спроводливост и контрахилност.

Мускулот е направен од иљадници мускулни влакна кои се поврзани во снопови, правејќи го телото на мускулот. За коските, мускулот е поврзан со тетиви и лигаменти. Тетивите ги поврзуваат мускулите со коските, додека лигаментите ги поврзуваат коските со другите коски.

Мускулите спрема мускулната функција се делат на:

  • Агониститоа се главни покретачи кои ја извршуваат работата, а се 2 или повеќе мускули кои вршат исто движење
  • Синергистисе ускули кои помагаат на агонистите при извршувањето на покретот, односно 2 или повеќе мускули кои учествуваат во изведувањето на движењето ама самите не го вршат
  • Антагониститоа се 2 или повеќе мускули кои прават обратна работа од покретот на агонистот, односно му даваат отпор во исто зглобно тело

Мускулите секогаш ја влечат коската, тие не ја туркаат коската. И тие секогаш работаат во парови. Едниот мускул ја работи работата и тој е агонист, додека другиот мускул работи против него и му дава отпор, и тој е антагонист. На пример, ако ја подигнуваме раката нагоре накај рамото, бицепсот (m. biceps brachii) ја врши работата и тој е агонист, додека трицепсот (m. triceps brachii) работи против него и му дава отпор. За да ја вратиме раката во првобитната положба, сега трицепсот ја прави работата и тој е агонист, а, пак, бицепсот му дава отпор и тој е антагонист. За шпага, на пример, агонист е квадрицепсот(m. quadriceps femoris), а сарториусот (m. sartorius) е антагонист мускул.

Сите мускули не се контрахираат со иста брзина. Мускулите што се контрахираат споро вршат работа што трае подолго време и тие се нарекуваат црвени мускули затоа што имаат поголемо количество на миоглобин и богата капиларна мрежа. Брзите мускули се нарекуваат бели мускули.

Спрема функцијата мускулите можат да бидат свиткувачи (флексори), испружувачи (екстензори), приближувачи (адуктори) одалечувачи (абдуктори), увртувачи (ротатори) и извртувачу (супинатори).

Секој мускул е или адуктор или абдуктор. Адукторите ја враќаат коската во нормалната положба, додека абдукторите ја влечат коската од центарот на телото. На пример, квадрицепсот ја влече ногата надвор и е абдукторен мускул, а сарториусот, кој ја влече ногата назад во првобитната положба, е адукторен мускул. Мускулите секогаш ја влечат коската, тие никогаш не ја туркаат.

Мускулот може да се зголеми за една третина од неговата должина. Заради биоелектрични и биохемиски процеси доаѓа до контракции на мускулите. Мускулот се скратува (контракција), опушта ( релаксација) и се истегнува ( елонгација).

Мускулите се загреваат и хранат со крвта која се пумпа низ телото. Крвта исто така ги снабдува мускулите со свеж кислород и ја носи млечната киселина која е штетен продукт кој се акумулира во мускулите и ги прави заморни. Ако мускулот е стегнат, ќе го намали протокот на крв низ капиларите и крвните садови. Значи дека стегнат, заморен мускул ќе има знатно помалку циркулација на крв отколку релаксиран и одморен мускул. Кај пофлексибилните атлети крвта поминува послободнои мускулите полесно се ослободуваат од млечната киселина која се насобира. Исто така, модриците ќе  заздрават побрзо.

Пишува: м-р Владо Апостолов – карате тренер во КК Супериор

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО