Поранешниот светски шампион во бокс Мурат Гасиев се врати со победа во рингот. Русинот ја однесе третата победа по преминот во тешка категорија за титулата на Евроазија – против Американецот Карлос Велч со нокаут во првата рунда.
Гасиев требаше да се бори со украинскиот борец Андриј Руденко минатиот Божиќ во Сочи, но беше повреден и изземен од настанот.
That was quick.. TKO1 for Murat Gassiev. pic.twitter.com/WDu7yJqO40
— b0xingfan (@b0xingfan) August 26, 2022
Неговото деби во тешка категорија беше во октомври 2020 година, кога повторно забележа нокаутпобеда во првата рунда против Нури Сефери. Во втората борба во „кралската“ дивизија се сретна со Мајкл Валиш, кого го победи со ТКО во четвртата рунда во јуни 2021 година.
Така, 28-годишниот Гасиев веќе има 29 победи (22 со нокаут) и само еден пораз. Тој е од Александр Усик во боксерската Суперсерија во 2018 година.