Мурат Гасиев планира преминување во тешка категорија

Поранешниот светски шампион во лесно-тешка категорија Мурат Гасиев (26-1-1НЦ, 19 КО) планира да јтргне по стапките на Александра Усик.

Според неговиот тренер Витали Сланов, 25-годишниот Русин сериозно размислува за подигање во тешка категорија.

Гасиев наскоро заминува во САД кај Абела Санчез во Биг бер, Калифорнија.

„Мурат во моментов тренира дома. Но, наскоро лета за САД во базата во Биг бер. Моментално се одржува на 100 килограми и се обидува да не ја губи тежината“, рече Сланов за ТАСС. .

Гасиев е поранешен шампион на ВБА и ИБФ во лесно-тешка категорија. Титулите ги загуби со поразот од Александр Усик по 12 рунди во финалето на турнирот на Светската боксерска супер серија во Москва во јули минатата година.

Оттогаш не е боксирал.

https://www.youtube.com/watch?v=1MAW5LzlRJI

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО